< 2022 >
May
MoTuWeThFrSaSu
      1
2345678
9101112131415
1617181920
  • 10:00 -11:00
    20/05/2022Europe/Skopje

    На 20.05.2022 година (петок), со почеток во 10:00 часот, Академик ќе одржи онлајн советување на тема: „Обезбедување на законитост во обработката на личните податоци – како да го утврдиме правниот основ за обработка на личните податоци“.

    • Дали можеме да собираме отисок од прст за евиденција на работното време?
    • Зошто не можеме да обработиме копија од лична карта на вработениот, иако има дадено согласност за тоа?
    • Дали сите вработени треба да дадат согласност за обработка на нивните лични податоци од страна на контролорот?
    • Дали смеам да поставам камери кои снимаат и звук?
    • Дали за обработка на податоците на моите клиенти треба да обезбедам согласност од нивна страна?
    • Дали смееме да објавиме фотографии од настани кои ги организираме?

    Пред да отпочне со обработка на личните податоци на физички лица, секоја компанија мора да утврди соодветен правен основ предвиден во член 10 од Законот за заштита на личните податоци, со цел да обезбеди законитост во обработката на личните податоци. Утврдувањето на правниот основ за обработка на личните податоци е клучен чекор во процесот на имплементација на Законот и обезбедување на законитоста во обработката на личните податоци. Неутврдувањето на правниот основ, односно несоодветното утврдување на истиот, води кон воспоставување на несоодветен систем за заштита на личните податоци, а со тоа и до неусогласеност со Законот за заштита на личните податоци.

    Во таа насока, Академик, во рамки на својата програма за организирање советувања за конкретни теми и аспекти од Законот, организира правно советување на тема – утврдување на правниот основ за обработка на личните податоци, со цел одговарање на најчестите прашања и дилеми кои се покренати од страна на контролорите при процесот на усогласување со Законот за заштита на личните податоци.

    Советувањето ќе го води Арбен Гудачи, правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

    Советувањето ќе биде организирано на начин што по кратката презентација на темата од страна на експертот, ќе следат дискусија и прашања од учесниците за конкретната тема.

    Советувањето ќе трае од 10:00 до 11:00 часот, со можност за продолжување за уште половина час, во зависност од интересот на учесниците.

     


     

    Цената за учество за едно лице е 1.500 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на советувањето.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за советувањето најдоцна до 19.05.2022 година (четврток), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за советувањето може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Советувањето ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на советувањето ќе добие е-пошта со линк до советувањето на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на советувањето. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за советувањето.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .

2122
23242526
  • 10:00 -15:00
    26/05/2022Europe/Skopje

    На 26.05.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“.

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    На обуката ќе предава Савка Нејковска-Тасева – дипломиран правник, со положен правосуден испит, вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници е ограничен на максимум 20.

     

    Агенда

    10:00 11:30: Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

      • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
      • Изготвување на техничка спецификација
      • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените)

      • Набавка од мала вредност
      • Поедноставена отворена постапка
      • Отворена постапка
      • Постапка со преговарање без објава на оглас
      • Набавка на посебни услуги

    11:30 – 12:00: Пауза

    12:00 13:30: Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

      • Како се докажува способноста на економските оператори?
      • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
      • Како се утврдува невообичаено ниска цена
      • Користење способност од други субјекти (групна понуда, подршка и подизведување)
      • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
      • Управна контрола – кога се применува

    13:30 – 13:40: Пауза за кафе

    13:40 – 15:00: Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори

      • Изготвување на понудата
      • Потпишување на понудата
      • Пополнување на техничка спецификација

    Измени на договорите во тек на нивната важност

      • Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување
      • Кои измени се дозволени
      • Кога може договорот да се раскине

     

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

     

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 25.05.2022 година (среда), преку е-пошта на akademik.mk@gmail.com, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

272829
3031