< 2022 >
July
MoTuWeThFrSaSu
    123
456
  • 10:00 -13:00
    06/07/2022Europe/Skopje

    На 06.07.2022 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка“.

    Во оваа обука ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управните постапки и начините за нивно решавање, преку практични примери.

    Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на управната постапка и донесување на правилен и законит управен акт.

    Во текот на обуката ќе бидат разработени прашања кои произлегуваат при постапувањето на јавните органи во првостепената постапка, вклучително примената на ЗОУП истовремено со посебните закони, опсегот на овластувањата на службеното лице при водење на постапката, изземањето како обврска за службеното лице и последиците доколку службеното лице требало, а не се изземало, моментот на поведување и започнување на постапката наспроти роковите за постапување, разлика меѓу запирање и прекин на постапката, значењето на правилно утврдената фактичка состојба при донесување на актот и формата и содржината на актот како значајни аспекти при оценување на актот од повисоките органи.

    Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.

    Предавач

    Ирена Брзанова член на работната група за подготовка на Законот за општата управна постапка, со долгогодишно искуство во областа на управната постапка, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

    Агенда

    10:00 – 10:15: Примената на Законот за општата управна постапка VS примената на посебните закони

    10:15 – 10:45: Граници на овластувањето на службеното лице при водење на постапката

    10:45 – 11:00: Изземањето како законска обврска на службеното лице за обезбедување непристрасност во постапувањето

    11:00 – 11:10: Кафе пауза

    11:10 – 12:00: Дилеми при спроведувањето на управната постапка

      • Поведување/започнување на постапката
      • Можност за изменување, дополнување и откажување на барање
      • Кога постапката се запира, а кога се прекинува?
      • Целосно и правилно утврдена фактичка состојба – претпоставка за правилен и законит управен акт

    12:00 – 12:10: Кафе пауза

    12:10 – 12:45: Формата и содржината на управниот акт – предмет на оценка од повисоките органи

    12:45 – 13:00: Прашања и дискусија

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 4.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 05.07.2022 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

     

78910
11121314151617
18192021222324
25262728293031