< 2023 >
March
MoTuWeThFrSaSu
  1
  • 10:00 -13:00
    01/03/2023Europe/Skopje

    Во оваа обука ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управните постапки и начините за нивно решавање, преку практични примери.

    Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на управната постапка и донесување на правилен и законит управен акт.

    Во текот на обуката ќе бидат разработени прашања кои произлегуваат при постапувањето на јавните органи во првостепената постапка, вклучително примената на ЗОУП истовремено со посебните закони, опсегот на овластувањата на службеното лице при водење на постапката, изземањето како обврска за службеното лице и последиците доколку службеното лице требало, а не се изземало, моментот на поведување и започнување на постапката наспроти роковите за постапување, разликата меѓу запирање и прекин на постапката, значењето на правилно утврдената фактичка состојба при донесување на актот и формата и содржината на актот како значајни аспекти при оценување на актот од повисоките органи.

    Предавач на обуката ќе биде Ирена Брзанова  член на работната група за подготовка на Законот за општата управна постапка, со долгогодишно искуство во областа на управната постапка, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

    Програма

    • Примената на Законот за општата управна постапка VS примената на посебните закони
    • Граници на овластувањето на службеното лице при водење на постапката
    • Изземањето како законска обврска на службеното лице за обезбедување непристрасност во постапувањето
    • Дилеми при спроведувањето на управната постапка:
      • Поведување/започнување на постапката
      • Можност за изменување, дополнување и откажување на барање
      • Кога постапката се запира, а кога се прекинува?
      • Целосно и правилно утврдена фактичка состојба – претпоставка за правилен и законит управен акт
    •  Формата и содржината на управниот акт – предмет на оценка од повисоките органи
    • Прашања и дискусија

    Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 4.700 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 28.02.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 071 23 23 42 и
    • +389 071 23 25 93.

    Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

2345
6789101112
13141516
  • 10:00 -14:00
    16/03/2023Europe/Skopje

    На 16.03.2023 (четврток), Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“. Обуката ќе се одржува од 10:00 до 14:00 часот, преку платформата ZOOM.

    Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување  офицер за заштита на личните податоци се должни да назначат лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, меѓу другото, офицерот треба да има завршено високо образование и да има стекнати знаења и вештини во однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци.

    Академик во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци има организирано многу обуки, опфаќајќи различни сегменти од Законот за заштита на личните податоци. На барање на контролорите и за потребите на офицерите за заштита на личните податоци, Академик ја организира оваа обука наменета за определените офицери за заштита на личните податоци кои сакаат да го надградат своето знаење и вештини, како и за лицата кои сакаат да бидат офицери за заштита на личните податоци. Обуката ќе биде интерактивна и преку практични примери ќе ви ја доближи улогата на офицерот за заштита на личните податоци во секојдневното работење.

    Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – експерт и консултант за заштита на личните податоци со долгогодишно искуство во областа.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)
    • Разбирање на начелата за заштита на личните податоци, улогите, одговорностите и активностите за обработка на лични податоци според ЗЗЛП
    • Разбирање на одговорностите на контролорот и обработувачот
    • Правата на субјектите на личните податоци и како тие се применуваат во секојдневното работење
    • Утврдување на правниот основ и водење различни евиденции за мапирање на процесите кај контролорот
    • Правила за меѓународен пренос на податоци
    • Како да извршиме анализа на постоечкиот систем
    • Како да утврдиме чекори за усогласување со законот
    • Подготвување на план за обуки и контроли
    • Основните вештини кои треба да ги поседува офицерот за заштита на личните податоци

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цена за учество на обуката

    Цената за учество за едно лице е 4.900 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 15.03.2023 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 071232342 и
    • +389 071232593.

    Во пријавата за учество на советувањето треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на советувањето и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

171819
202122
  • 10:00 -14:00
    22/03/2023Europe/Skopje

    На 22.03.2023 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки, предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во пракса и правната заштита“.

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи, како и на правната заштита што, меѓу другото, опфаќа право на жалба и странки во жалбената постапка, правила за докажување, креирање на е-жалба, итн.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите предизвици, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда

    Предизвици со кои се соочуваат договорните органи при изготвување на тендерската документација

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

    Правилна евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

    Предизвици со кои се соочуваат економските оператори

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Правна заштита

    • Право на жалба и странки во жалбената постапка
    • Правила за докажување
    • Изјавување жалба и рокови за изјавување жалба
    • Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните прописи
    • Креирање на е-жалба
    • Одлуки на Државната комисија за жалби по јавни набавки

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.03.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    +389 070/23 23 42 и
    +389 070/23 25 93.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

23242526
2728293031