/ Прочитано:

1.067

ААМ: „Конкурсот за барокен Градски трговски центар е извитоперено толкување на законските прописи

Вторник, 4 јуни 2013 – На архитектот Жарко Чаушевски, кој го направи идејното решение за новиот барокен стил на ГТЦ, да му се одземе лиценцата за работа како архитект, предлага Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

„Конкурсот за барокен Градски трговски центар е извитоперено толкување на законските прописи, а архитектот Жарко Чаушевски не постапил етички и професионално кога прифатил да направи идејно решение за Трговскиот во квазибарок стил и треба да му се одземе лиценцата“.

Ова се дел од заклучоците од средбата на ААМ одржана по обелоденувањето на решението за новиот лик на ГТЦ со кој објектот треба да се вклопи во „Скопје 2014“, пренесува  „Утрински весник“.

Претседателката на ААМ, Даница Павловска, во изјава за порталот „Нова“ вели дека архитекти-членови на Асоцијацијата, но и уметници и граѓани ќе организираат протести и ќе се потпишуваат на петиција против барокен Трговски.