/ Прочитано:

1.501

Адвокат Никола Додевски со Иницијатива до адвокатите за конкретен предлог како да се регулираат нивните готовински плаќања

Среда, 17 јануари 2013 – Регулирање на готовинските плаќања согласно Законот за адвокатски маркички или воведување и користење на одбoрен фискален апарат за регистрирање на готовински плаќање – скопскиот адвокат Никола Додевски со Иницијатива до сите адвокати во РМ поединечно писмено да се произнесат.

Позади Иницијативата на адвокатот Додевски застана и Адвокатската комора на РМ, објавуваат тие на својот веб сајт. Иницијативата ви ја пренесуваме во интегрална форма >>

ИНИЦИЈАТИВА

ДО Адвокатите поединци и адвокатите во  Адвокатски друштва во Република Македонија

Почитувани колеги, Сакам да Ве известам дека по донесувањето на Законот за адвокатски маркички и јас како и повеќе други адвокати лично се ангажирав за изнаоѓање решение за надминување на проблемите кои  произлегуваат од примената на овој закон. Сметам дека најдобар начин е да се побра целосно ставање вон сила на законот. Но имајќи предвид дека законот го регулира готовинското плаќање на адвокатските услуги и со истиот за адвокатите поединци престанува обврската за воведување и користење одобрен систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања  (член 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања), должни сме да се произнесеме секој адвокат поединечно дали сме за регулирање на готовинските плаќања со Законот за адвокатските маркички или со примена на членот 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања со воведување и користење на одобрен фискален систем. На овој начин ќе ја покажеме вистинската волја на сите адвокати, а во зависнот од исходот на ова произнесување барањето за ставање на законот вон сила би било аргументирано и со конкретен предлог како да се регулираат готовинските плаќања. Досегашните реакции на повеќе адвокати беа во правец дека воведувањето на фискална апаратура е многу подобро решение од Законот за адвокатски маркички. Таков е и мојот личен став и ставот на работната група за спроведување на оваа иницијатива. Сакам да Ве известам дека по моја лична иницијатива остварив средба и со Премиерот на Владата на Република Македонија и Министерот за финансии со цел да ги искажам забелешките на повеќемина адвокати потписници и на иницијативата до Уставен суд, па и од тој состанок произлезе мислење дека адвокатите секој поединечно би требало да се произнесе дали е за Законот за адвокатски маркички или за фискализација ( воведување и користење на фискална апаратура и издавање фискална сметка). Ова особено поради околноста што во изготвувањето на законот учествувал и Управниот одбор на Адвокатската комора а адвокатите не се задоволни од законското решение . Поради тоа предлагам секој адвокат запишан во именикот на адвокати на Република Македонија како поединец или од адвокатско друштво да пополни изјава која ќе ја потпише и завери со печат со која јасно ќе се произнесе дали е за регистрирање на готовинските плаќања за дадена правна помош со адвокатски маркички според Законот за адвокатски маркички или за регистрирање на готовинските плаќања со воведување и користење на одобрена фискална апаратура согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Во прилог доставувам форма на Изјава која секој адвокат би требало да ја пополни, да ја потпише и да стави печат на истата. Со оглед дека Управниот одбор на АКРМ има обврска да ги штити интересите на адвокатурата барам од истиот оваа моја иницијатива да ја објави на веб страната на Адвокатската комора на Република Македониј ,заедно со изјавата која што секој адвокат ќе може да ја  симне од веб страната и во хартиена форма, да ја пополни, стави печат и со регистрирана пошта да ја достави до  нотар Снежана Сарџовска ул.Народен Фронт бр.19 кат 1 локал 21 најдоцна во рок од 10 (десет) дена сметано од денот на објавувањето на иницијативата на веб страната на АКРМ. Воедно УО да организира вработените да се јавуваат до секој адвокат поединечно  да бараат да ја пополни изјавата и во просториите на Адвокатската комора и преку адвокатските заедници да обезбедат примероци од изјават  и да организираат масовно пополнување и испраќање на изјавите. По прибирање на изјавите нотар Снежана Сарџовска ќе изготви записник за утврдување на факти во кој ќе се констатира колку адвокати се произнеле за Законот за адвокатски маркички, а колку за воведување и користење на фискална апаратура. Овој записник ќе биде доставен до работната група за спроведување на оваа иницијатива во состав адвокати Никола Додевски, Панче Нефтенов, Василие Сердјук како и до УО на Адвокатската комора на Република Македонија.Апелирам до сите адвокати итно да пополнат и испратат изјава , што го сметам за обврска заради иднината на адвокатурата. Досегашната пасивност и не доведе до моментната ситуација.     Со почит: Скопје 16.01.2013                                                                  Адвокат Никола Додевски ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ИЗЈАВАТА ОВДЕ