/ Прочитано:

3.862

Адвокат Петро Јанура:  И третата апликација на судијата Панчевски прифатена во Стразбур

Третата апликација на поранешниот претседател на Скопскиот кривичен суд, судијата Владимир Панчевски, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните две, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопштува адвокатот Петро Јанура.

„Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Третата апликација беше поднесена поради решението на Судскиот совет со кое судијата Панчевски времено се оддалечува од судиската функција, кое беше донесено во постапката поведена по барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија од страна на Судскиот совет поради наводно постапување во спротивност со обврските за користење на АКМИС-системот за распределба на судски предмети. Во апликацијата истакнавме цел еден сублимат на повреди, односно неисполнувања на гаранциите од правата на Европската конвенција за човекови права. Понатаму, истакнавме дека Судскиот совет ја има прејудицирано својата идна крајна одлука за разрешување, односно утврдување одговорност кај судијата Панчевски. Тоа и се случи подоцна, Владимир Панчевски беше разрешен од функцијата судија со наредната одлука на Судскиот совет. Против одлуката за неговото разрешување поднесена е жалба во Врховниот суд. Кон ова би сакал да истакнам дека во согласност со закон, судиите од жалбениот совет, како и сите судии воопшто можат да сносат одговорност доколку како резултат на нивно постапување биде донесена пресуда на Европскиот суд со која би се утврдила повреда на правото на правично судење од Европската конвенција.  Она што е особено важно да се истакне е дека доколку постои цел еден сублимат на повреди на човековите права од Европската конвенција со донесувањето на решението за времено оддалечување од судиската функција, аналогно на тоа повредите постојат и со донесувањето на одлуката за негово разрешување, што значи дека доколку одлуката за неговото разрешување стане правосилна, постојат силни основи за поднесување на нова апликација во Судот во Стразбур. Понатаму, во веќе постојниот оформен предмет по третата апликација имаме право на наша сопствена иницијатива да го информираме Европскиот суд за домашната постапка и да ги доставуваме сите релевантни одлуки на домашните органи“,  наведува адвокатот Петро Јанура.

„Мојот клиент Владимир Панчевски е мета на континуиран притисок од страна на државата на начин што сериозно се попречуваат неговите права загарантирани со Европската конвенција. Првата апликација беше поднесена поради неосновано направениот претрес лично врз Владимир Панчевски и во неговиот дом од страна на Специјалното јавно обвинителство, а по наредба на претседателот на Основниот суд Гевгелија, додека пак втората беше поднесена поради отфрлените кривични пријави против Катица Јанева и останатите учесници во врска со претресот. Третата апликација беше поднесена поради одлуката на Судскиот совет за оддалечување од судиската функција, односно суспензија. Предметите во Европскиот суд за човекови права се проследени на понатамошно постапување, при што очекуваме позитивна завршница“, посочува адвокатот Јанура.

И втората апликација на судијата Панчевски прифатена во Стразбур, деталите ги образложува адвокатот Петро Јанура

Судијата Панчевски се жали во Стразбур за претресот на СЈО во неговиот дом

М.В