Адвокат побарал помош од Народниот правобранител за исплата на надоместокот како бранител

Сомневајќи се дека предметот за исплата на надоместок како бранител се крие во судските фиоки на Апелациониот суд во Скопје, адвокат побарал помош од Народниот правобранител, се нотира во Извештајот на Народниот правобранител.

Имено, посочува Народниот правобранител, иако нему како бранител му следувал надомест на трошоците кои ги направил, долго време не добивал никаков одговор од Судот за исплаќањето на истите.

„Народниот правобранител постапувајќи по поплаката на адвокатот утврди една нелогична ситуација – предметот постоеше во електронскиот систем во Судот, но не и на хартија. По расчистување на оваа нелогичност Народниот правобранител беше известен од Судот дека на адвокатот му се исплатени бараните трошоци“, истакнува Народниот правобранител за овој предмет, кој како пример е посочен и во Годишниот извештај.

Народниот правобранител во врска со предмети за адвокатите

Во делот на судството, граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалеле за одложувањето на рочиштата

М.В