/ Прочитано:

1.172

Адвокатите да достават коментари за предложените измени на Законот за спречување перење пари

„Ве информираме дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е објавен на ЕНЕР. Со предложените измени и дополнувања на Законот се врши усогласување на овој закон со Законот за прекршоците (Службен весник на РСМ бр. 96/19), Законот за централен регистар на население (Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Законот за електронско управување и електронски услуги (Службен весник на РСМ бр. 98/19). Воедно, се вршат и допрецизирања на одредби, како и технички исправки.

Ги повикуваме членовите на Адвокатската комора на РСМ внимателно да го разгледаат текстот на Предлог-законот и своите коментари, забелешки или сугестии заклучно со 25.11.19  да ги достават до Комората на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk “, известуваат од Адвокатската комора.

М.В