/ Прочитано:

1.764

Адвокатите ќе наплаќаат без коморска маркичка

Коморската маркичка ја загуби улогата којашто ја имаше во согласност со адвокатската тарифа. Уставниот суд не ја спори маркичката како задолжителна на сите поднесоци до судот, но Уставнниот суд замери на актот на Адвокатската комора со којшто адвокатите не можеа да им наплатат на странките без коморската маркичка. 

При застапување, адвокатот е должен на судот да му предаде и коморска маркичка (Фото: Бранко Костески)

 Коморската маркичка не се користи во сите судови

Тоа ми изгледа како двојна членарина за Адвокатската комора. Не ја користам и во блиска иднина немам намера да ја купам вели битолскиот адвокат Стив Ангеловски.

– Во Битола моите колеги се изреволтирани, очекуваме дека Уставниот суд ќе ја укине маркичката. Мислам дека комората се претвори во туристичка агенција, вели адвокатот Александар Танчевски.

– Адвокатското друшто Вељановски од Скопје ја набавиле маркичката бидејките судиите во Скопје нема да им ги признаат трошоците. Оттаму велат дека според нив нема потреба од ваква маркичка. Од разговорите со колегите сфатиле дека  мислењата на адвокатите се поделени. Не се запознаени како адвокатската комора ги троши парите .

– Мислам дека ниту еден адвокат во Струмица нема земено коморски маркички. Не сум слушнала досега од колегите ниту пак мене некој судија ми има побарано такво нешто. Сепак мислам дека не е потребна коморската маркичка, вели Бержетска Клара од Струмица.

– Членарината и маркичките се интерна работа меѓу адвокатите и комората , не треба судиите да нè враќаат доколку не сме платиле членарина. Треба да плаќаме или едното или другото, нема потреба од две давачки, вели битолскиот адвокат Дарко Михајлов.

– Плаќањето  членарина е во ред, меѓутоа не разбирам зошто се плаќаат коморските маркички кога веќе еднаш сме ù платиле на Адвокатската комора. Вака ми личи како данок да ù плаќаме на комората, а не на државата, вели Валентина Ристовска адвокатка од Скопје.

Уставен суд: Kоморската маркичка нема да биде услов за наплата на адвокатските трошоци

Дали Уставниот суд ќе ја укине коморската маркичка? 

Уставниот суд го укина  условувањето на исплатата на паричната награда во согласност со адвокатската тарифа, со плаќање на коморска маркичка.  Во одлуката на судот стои дека тоа не произлегува ниту од Законот за адвокатура, ниту од Законот за парничната постапка. Поради тоа Адвокатската комора го надминала законското овластување при носењето на тарифата за награда и трошоци на адвокатите и навлегла во законодавната сфера за којашто не е овластена.


 

Фискализацијата на адвокатите отиде во заборав

Коморската маркичка е утврдена со акт на Адвокатската комора

Обидот да се фискализираат адвокатите остана само на  работната верзија на Законот за адвокатска маркичка. Иако Законот за адвокатура е правосилен, сè уште не постои адвокатската маркичка

Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.