Адвокатите ќе расправаат за новиот предложен Закон за кривичната постапка на Правниот факултет „Јустинијан Први“
„На ден 11.12.2018 (вторник) од 11:00 до 14:00 часот на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’, во Свечениот амфитеатар, Адвокатската комора на РМ за своите членови организира јавна расправа по повод Предлог-законот за кривичната постапка. Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата, ги замолуваме адвокатите да дадат активно учество со свои предлози и мислења“, информираат од АКРМ.
Претходно АКРМ ги повика своите членови да подготват и да достават свои забелешки за предложеното законско решение, за кое од Министерството за правда велат дека е со цел усогласување со меѓународните стандарди и надминување на слабостите лоцирани при примената на постојното законско решение.
„Во периодот на неговата примена беа лоцирани одредени недостатоци, кои е потребно да се отстранат. Дополнително, потребно е усогласување на Законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област“, додаваат од Министерството за правда.
Предлог-законот за кривичната постапка може да се преземе и да се коментира на следниот линк.
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В