/ Прочитано:

1.052

Недоразбирањето меѓу тајкунот Мишковиќ и полицијата го крена на нозе обезбедувањето на вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ

Среда, 12 декември 2012 – Сопственикот на „Делта холдинг“ Мирослав Мишковиќ при спроведување во полиција што се случи изутринава, не пружал отпор ниту им се заканувал на полициските истражни органи, соопшти адвокатското друштво што го брани српскиот тајкун. Спротивно на тврдењата на адвокатите, според полициски сознанија Мишковиќ рекол дека „Вучиќ нема да го дочека вечерашното гостување на РТС“. 

Во соопштение што го пратил адвокатот Ненад Поповиќ пишува дека Мишковиќ изутринава принудно е однесен во полиција без претходни најави или повикувања во полициска станица.

„Мишковиќ и во претходните денови во потполност соработуваше со истражните органи, а тоа ќе го прави и во иднина“, пишува во соопштението на адвокатот Поповиќ.

Додава дека медиумите грешно ја пренеле информацијата за заканите на Мишковиќ кон потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ, како што пишува во соопштението тоа претставува само еден дел од низата на медиумски манипулации што протекле изминативе денови.

„Вистина е дека Мишковиќ рече дека „Вучиќ не може да се појави на Радио Телевизија Србија (РТС) се додека не ме уапси“, објаснува адвокатот на адвокатското друштво „Делта“. Додава дека тоа  е констатација на Мишковиќ за веќе настанатата атмосфера во јавноста, без елементи на закани, а особено без загрозување на бездноста на потпретседателот на Владата.

Претседателот на Собранието: Не сум добил потврда за заканите

Претседателот на Собранието, Небојша Стефановиќ побара од надлежните органи да обезбедат сигурност и безбедност за министерот за внатрешни работи и вицепремиер Александар Вучиќ и за сите останати кои се борат против корупијата и организираниот криминал.

Тој посочи дека заканата кон Вучиќ претставува закана кон државата, сепак Стефановиќ за заканите не бил известен од Вучиќ туку дознал од медиумите потенцирајќи дека им верува на информациите.

Шефот на Управата на криминалистичката полиција: Загрозена е безбедноста на Вучиќ

Шефот на Управата на криминалистичката полиција, Родољуб Миловиќ рече дека од неофицијални извори, при спроведувањето на Мишковиќ во полиција што се случи изутринава, тој упатил закани кон Вучиќ. Миловиќ тврди дека од оперативните сознанија на Управата, загрозена е безбедноста на Вучиќ.

Српските медиуми најауваат дека обезбедувањето на Вучиќ е на најголемо ниво откако за време на апсењето на Мишковиќ откако тој наводно рекол дека Вучиќ нема да го дочека вечерашното гостување во РТС.