/ Прочитано:

2.108

Адвокатот не може да биде повикан на одговорност за искажано мислење при давањето правна помош

Адвокатот не може да биде повикан на одговорност за искажано мислење при давањето правна помош и вршењето на јавни овластувања, се пропишува во новиот Предлог-закон за адвокатурата.

Адвокатот не може да биде лишен од слобода ниту притворен за кривично дело сторено во вршењето на адвокатската дејност без претходна согласност од Адвокатската комора.

Претресување на канцеларија на адвокат поединец и адвокатско друштво може да се врши само во присуство на адвокатот и овластен претставник на Адвокатската комора.

Претресување на канцеларија на адвокат поединец и адвокатско друштво може да се врши само во однос на писмената изречно наведени во решението за претрес донесено од надлежен судија во кривична постапка, а овластените службени лица немаат пристап до другите пишани материјали, списи, предмети и архивата.

 Bo канцеларија на адвокат поединец и адвокатско друштво не е допуштено лишување од слобода ниту е допуштено да се преземаат посебни истражни мерки, ниту истражни дејствија  над странка која се обратила за правна помош.

Постојаното стручно усовршување – обврска за адвокатите

„Адвокатот може да врши јавна функција или јавна служба доколку за вршење на истата не заснова работен однос“

Условот за запишување на судии, обвинители, функционери, извршители и нотари во Именикот на адвокати

Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата

Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија

Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите

М.В