Адвокатот Оливер Ристовски предложен за заменик министер за правда
Премиерот Зоран Заев во Собранието на РМ го предлага адвокатот Оливер Ристовски за заменик министер за правда.
Адвокатот Оливер Ристовски е роден 1964 година. Завршил Правен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1988 година. Правосудниот испит го положил во Белград, Република Србија, во 1990 година. Осум години подоцна го положил и нотарскиот испит.
Во 1990 година веднаш по положување на правосудниот испит формирал адвокатската канцеларија во која активно работи до денес и во која во моментот има вработено четворица адвокати и ангажирани адвокатски приправници.
Во биографијата на адвокатот Ристовски се наведува дека одлично познава и активно се служи со англискиот, српскиот и хрватскиот јазик. Активно присуствувал на семинари, обуки, едукативни тренинзи, тркалезни маси и слично од правната област и правосудството.
Како негови социјални вештини и способности, предложениот заменик министер за правда во својата биографија ги навел: трудољубивоста, амбициозноста, комуникативноста, посветеноста кон работата, тимската работа, организациски вештини и генерирањето нови идеи.
Биографијата на предложениот министер за правда Билен Саљији
М.В