/ Прочитано:

3.206

Адвокатот Петро Јанура: Врховниот суд ја укина второстепената пресуда за Панчевски

Врховниот суд донесе пресуда со која го уважи Барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда со која беше осуден поранешниот претседател на кривичниот суд во Скопје Владимир Паневски, заради наводни злоупотреби со АКМИС системот за прераспределба на судски предмети, објавува адвокатот Петро Јанура.

Со пресудата, додава адвокатот Јанура,  Врховниот суд ја укинува пресудата на Апелациониот Суд и предметот се враќа на второстепениот суд на повторно одлучување. Панчевски треба во најбрз можен рок да биде пуштен на слобода.

„Пресудата е за поздрав затоа што Врховниот суд посебно дава важност на повреда на  Европската конвенција за човекови права и се повикува на праксата на Судот во Стразбур, чија што примена е обврзувачка. Во пресудата, Врховниот суд се осврнува на заштита од загрозување на правичноста на постапката и минималните права на обвинет, загарантирани со домашниот закон и со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Врховниот суд посочува дека согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права, принципот на правично судење подразбира на секоја од странките да и се даде разумна можност да го претстави својот случај под услови кои нема да ја стават во позиција на суштинска понеповолност vis-а-vis спротивната страна.

Согласно Врховниот суд, апелациониот суд кога разгледува определен предмет и кога треба да одлучи за кривичната одговорност на обвинетиот, тоа не може да го направи без директна, непосредна оценка на доказите. На што се укажува на начелото на јавно судење и можноста која му се дава на обвинетиот да даде исказ пред апелациониот суд се остварува и целта загарантирање на правата на одбрана на обвинетиот. Во овој случај на Владимир Панчевски му беше ускратено тоа право, односно Апелациониот суд донесе пресуда на нејавна седница, грубо прекршувајќи го правото на одбрана и начелото на јавност. Очекувам веднаш, односно во најбрз можен рок да се спроведе процедурата за негово пуштање на слобода, бидејќи повеќе не е правосилно осуден“, образложува адвокатот Петро Јанура.

М.В