/ Прочитано:

3.174

Адвокатската комора ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2018

Адвокатската комора на РМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2018.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините: фудбал, кошарка, шах, пинг-понг, пикадо, влечење јаже и сл.

Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат во периодот од 6 до 7 октомври 2018 година (сабота и недела), во хотелот „Сириус“ во Струмица. Одржувањето на спортскиот дел е предвидено во сабота (6 октомври) во салата на ОУ „Даме Груев“, близу хотелот „Сириус“.

Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.000 денари за едно ноќевање (сабота), додека за две ноќевања за учесниците кои би пристигнале во петок – 5 октомври котизацијата изнесува 3.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби.  Остатокот од вкупната цена, која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички, го покрива Адвокатската комора на Република Македонија.

Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-пошта: e.pavlovska@mba.org.mk. Адвокатите кои немаат уредно подмирена членарина немаат право на учество.