/ Прочитано:

892

Денеска се одбележува 68 години од македонската адвокатура

Сабота, 18 мај 2013 – Адвокатската комора на Р. Македонија (АКРМ) денеска во Музејот на македонската борба одбележа 68 години македонска адвокатура.

По тој повод, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска и претседателот на АКРМ Никола Додевски  потпишаa меморандум за соработка.

Целта на овој Меморандум е да се дефинира полето и обемот на соработка помеѓу страните потписнички, во рамки на своите овластувања, заеднички настап пред јавноста, но и пред потенцијални донатори и заедничко учество на проекти, а во однос на промоција и афирмација и стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите во Република Македонија.