/ Прочитано:

3.216

Адвокатската комора поднесе Предлог за измена на Законот за ДДВ: За адвокатите целосно да се исклучи обврската за ДДВ

Адвокатската комора до Владата и до Собранието поднесе Предлог-измена на Законот за данокот на додадена вредност. Во Предлогот адвокатите посочуваат на новиот Закон за услуги, во кој е утврдено дека адвокатите не даваат услуги, односно одредбите од законот не се применуваат на давањето правна помош и на јавните овластувања кои ги врши адвокатурата како јавна служба. Бидејќи адвокатите не даваат услуги и не вршат стопанска дејност, посочуваат од Адвокатската комора, обврската за ДДВ за адвокатите и за адвокатските друштва треба целосно да биде исклучена.

Предлогот на Адвокатската комора може да се преземе на следниот линк.