/ Прочитано:

9.413

Адвокатската комора: Се намалува тарифата за договорите со вредност од над 10 000 евра

slika

Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10 000 евра кои, во согласност со новиот Закон за нотаријат, задолжително треба да бидат изготвени од адвокат.

Воедно, велат од Комората, за состав на овие договори веќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал.

Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат од АКРМ, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.

Со овие измени на Адвокатската тарифа,  истакнуваат од Комората, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптоварување со трошоци.

„Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки“, посочуваат во соопштението од Адвокатската комора.

М.В