/ Прочитано:

876

Адвокатската комора унапредена од членка набљудувач во придружна членка во најзначајната европска адвокатска заедница

Адвокатската комора известува дека на 27.11.2020 година, на пленарната седница на Советот на комори и адвокатски организации од Европа (CCBE), е донесена одлука со која е усвоено барањето за унапредување на статусот на членството на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од членка набљудувач во придружна членка.

„Сите присутни на пленарната седница гласаа ‘за’, без ниту еден воздржан ниту ‘против’, и донесувањето на одлуката беше проследено со аплауз од сите присутни“, посочуваат од Комората.

Советот на комори и адвокатски организации од Европа (CCBE) e најзначајната европска адвокатска заедница, во која членуваат над еден милион адвокати од сите европски држави членки на ЕУ и останати.

М.В