Адвокатската комора за известувањето на Кривичниот суд за годишниот одмор на адвокатот Страшевски
„На ден 9.1.2020 година, Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предметот познат во јавноста како ‘ТНТ’.
Исто така на ден 9.1.2020 година Адвокатската комора прими Барање од Судот со прилог Известување на адвокатот Јовица Страшевски од Скопје за негово заминување на годишен одмор во периодот од 8.1.2020 до 17.1.2020 за кое судот смета дека е насочено исклучиво кон одолговлекување и опструирање на кривичната постапка и за кое бара од Комората да преземе конкретни дејствија за негово санкционирање.
Адвокатската комора на РСМ по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат“, соопштуваат од Адвокатската комора.
Соопштенија на адвокатот Страшевски и на Кривичниот суд во врска со судијата поротник
Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството
Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“
Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“
Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“
Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото
Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата
АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот
М.В