/ Прочитано:

1.287

Адвокатската маркичка ги обедини адвокатите од целата земја, сложни бараат измени во Законот за адвокатска маркичка

Вторник, 8 јануари 2013 – По неколкучасовната средба меѓу претставниците од Адвокатската комора и претставниците на адвокатските заедници ширум земјава, адвокатите одлучија да не штрајкуваат, а Адвокатската комора да ја преземе во раце работата и да ја реши ситуацијата со Законот за адвокатските маркички (ЗАМ). Денеска Велес беше збирно место на адвокатите од целата земја. Претставниците на адвокатските заедници од сите подрачја вклучувајќи ги и двете скопски заедници беа на неколку часовна средба со претставници од Адвокатската комора на РМ. Причини за средбата беше адвокатската маркичка, која од почетоков на годинава налути дел од адвокатите. Тие  преку иницијатива порачаа дека ЗАМ е неразбирлив и нелогичен, му оставија на Уставниот суд да одлучи за законитоста на истиот.

– „Денеска имаше претставници од сите подрачја на земјава. По неколку часа дискусија се договоривме како Адвокатската комора да интервенира за да се донесат измени на ЗАМ. Закажано е вондредно собрание каде на дневен ред сигурно ќе има повеќе точки. Од Комората очекуваме да го извести Врховниот суд дека бараме одложување на ЗАМ се додека не се донесат измени во законот. Постоечкиот закон не го прифаќаме, нелогичен е и неразбирлив“, изјави адвокат Блага Димова, претседател на адвокатската заедница од Кавадарци.

На средбата било договорено Адвокатската комора да го извести Врховниот суд дека бара одложување на примената на маркичките, а Врховниот суд пак да прати известување до сите надлежни судови во земјава, да ги примаат поднесоците без маркичка. Комората за 16.02.2013 година закажала вондредно собрание на кое веќе е најавено дека ќе бараат итни измени на ЗАМ.

Адвокатски забелешки на Законот за адвокатски маркички

  1. Дали законот е само за регистриање на  готовински плаќања или за евиденција на сите адвокатски дејствија?
  2. Дали ќе се лепи маркичка и на записник за застапување? ( не е предвидено со ЗАМ)
  3. Дали ќе се користат маркички и кај договори со правни лица каде се плаќа месечен паушал на  сметка на адвокатот? (што ако паушалот е поголем од превземните месечни дејствија, а што ако е помал).
  4. Дали при доставувањето на договорите за паушал со правните лица мора да се гледа и сумата, бидејќи во тој случај го кршиме самиот договор со кој сме обврзани на дискреција?
  5. Како ке се книжат материјалните трошоци ако однапред се плаќа персоналниот данок? (дали ќе се враќа дел од персоналниот данок)
  6. Дали по лепењето на маркичката адвокатот е должен да ги внесе средствата на жиро сметката?
  7. Дали ако стрнката  плати на жиро сметка , може наместо маркичка да се стави уплатницата?
  8. Дали треба да се лепи маркичка кога со странката имаме договор за плаќање по завршувањето на спорот и во зависност од успехот во спорот? (слобода на договарање)
  9. Дали ако во еден предмет се лепат маркички а не се наплаќаат средствата од странката (адвокатот на свој трошок ги лепи маркичките), по завршувањето на предметот и наплата на средствата врз  спротивната странка повторно ќе се плати данок? ( ако се плати тоа е двојно оданочување)
  10. Дали врз основа на издадените маркички ќе се плаќа и ДДВ иако тие средства не се наплатени?
  11. Дали маркичките ќе се лепат и во кривична постапка. Не се предвидени со ЗКП?
  12. Дали ќе може да се купуваат дополнително маркички пред истекот на тромесечјето, доколку му се јави кусок на адвокатот?
  13. Дали со лепењето на адвокатската маркичка судот ќе биде должен да ги признае тошоците за секое дејствие и поднесок?
  14. Дали при барање на патни трошоци адвокатот ќе треба да става маркичка согласно висината на трошоците?
  15. Како ќе се постапува по договорите за застапување  склучени на тендери. Странките асполутно ќе одбиваат таквите договори да се приложат на суд?
  16. Што е разликата помеѓу адвокат поединец и адвокатско друштво кога согласно Законот за адвокатура член 8 е наведено дека адвокатското друштво врши адвокатска дејност како адвокат поединец.