/ Прочитано:

1.374

Адвокатски спортски игри 2019

„Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2019.

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг-понг, пикадо, влечење јаже, пливање и сл., зависно од интересот за конкретната дисциплина.

Адвокатските спортски игри ќе се одржат во периодот од 5 до 6 октомври 2019 година (сабота и недела), во хотелот „Сириус“ во Струмица. Одржување на спортскиот дел е предвидено во сабота (5 октомври) во салата на ОУ „Даме Груев“, близу хотелот „Сириус“.

Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.000 денари за едно ноќевање (сабота), додека за две ноќевања (за учесниците што би пристигнале во петок – 4 октомври) вкупната котизација изнесува 3.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби.

Остатокот од вкупната цена, која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување на спортска сала, како и спортски маички го покрива Адвокатската комора.

Котизацијата се уплаќа на трансакциската сметка на Комората – 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје,  со цел на дознака: „За спортски игри“.

Сите заинтересирани учесници може да се пријават во Адвокатската комора на и-мејл lawyermk@mba.org.mk. Адвокатите што немаат уредно намирена членарина немаат право на учество“, соопштуваат од АКРМ.