Адвокатскиот тим на Тарчуловски очекува негово набрзо ослободување
Понеделник, 4 март 2013 – Хашкиот трибунал да се изјасни позитивно по барањето за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски и тој многу бргу да се врати во Македонија, очекува неговиот адвокатски тим.
„Барањето за предвремено пуштање на слобода на Тарчуловски е препратено преку германското Министерство за правда до Хашкиот трибунал и се очекува одлуката на Судскиот совет на Трибуналот“, вели во денешна изјава за МИА адвокат Антонио Апостолски.
Тој не прецизира дали има временски рок за одговор од Трибуналот, но очекува тоа да се случи наскоро.
Во меѓувреме, од затворот во германскиот град Диц каде што ја издржува казната, преку Фејсбук, Тарчуловски и се обрати на јавноста со завршниот збор даден пред донесувањето на правосилната пресуда со која беше осуден на 12 години затвор укажувајќи дека не сторил никакво кривично дело насочено против цивили или цивилни објекти.
>> Јохан Тарчуловски преку Фејсбук и се обрати на јавноста