/ Прочитано:

1.033

Адвокатските друштва незадоволни од работењето на АКРМ — најавија масовно присуство на претстојното вонредно Собрание на ова тело

Петок, 8 февруари 2013Општото незадоволство од работата на Адвокатската комора на РМ (АКРМ) денеска ги собра Адвокатските друштва од земјава на состанок на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Главен фокус на состанокот беше претстојното вонредно Собрание АКРМ, кое ќе се одржи на 16-ти февруари во Кичево, а каде меѓу другото, на дневен ред е и гласањето доверба на членовите на Управниот одбор на АКРМ.

Престојното вонредно Собрание на АКРМ кое ќе се одржи на 16-ти февруари со почеток во 12 часот во Кичево во ресторанот АТВА, денеска главна тема на состанокот што го одржаа претставници на адвокатските друштва од земјава, но и адвокати поединци. На дневен ред на вонредното Собранието се три точки:

  • Информација за актуелната состојба во врска со примена на ЗАМ;
  • Гласање за доверба на членовите на УО на АКРМ;
  • Предлози за надминување на актуелната состојба во врска со ЗАМ.

Сметајќи дека телото формирано со цел да ги штити нивните интереси, не го прави тоа, адвокатските друштва бараат заземање на своето место во органите на АКРМ. Сложни дека треба да се изгласа недоверба на членовите на УО на АКРМ, но песимисти дека истото ќе се случи како резултат на како што велат, составот на делегатите.

„Мора да се знае точно кој во име на адвокатските друштва е во УО на АКРМ“, смета адвокат Снежана Калеска-Ванчева, основач-партнер во адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ

Се дискутираше и за иницијативата за разрешување на УО на АКРМ  која иако пред повеќе од петнаесетина дена ја потпишале 350 адвокати се уште нема најава дали  УО на комората во рок од 30 дена како што е предвидено со член 15 од статутот на ова тело ќе свика седница.

„Доколку Управниот одбор не ја свика седницата во овој рок, седницата задолжително ќе се одржи во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето. Ако Управниот одбор не свика седница на Собранието согласно став 1 и 2 од овој член (се мисли на член 15) сите органи на АКРМ освен Собранието се распуштаат, а на наредната седница се бираат нови органи на АКРМ кои ќе работат до истекот на мандатот на собранието на АКРМ“, стои во Статутот на АКРМ.

По двочасовната расправа на која, меѓу другото, претставниците на адвокатските друштва посочија дека ги поддржуват своите колеги во врска со иницијативата за укинување на Законот за адвокатските маркички, укажаа на масовно присуство на престојното вонредно Собрание.