/ Прочитано:

1.491

Адвокатурата во јавното право – корисна, но слабо платена работа

Таквата работа пред сѐ е слабо платена, особено ако адвокатот се занимава со работа на разни фондации или невладини, непрофитни организации, кои се ориентирани на јавниот интерес, бидејќи тие честопати остануваат без средства за работа, а со тоа и не се во можност редовно да плаќаат за адвокатски услуги.

javno pravo

Разликувањето на јавното од приватното право потекнува од римското право и од Римската Држава. Прв кој ја направил поделбата на јавно и приватно право е Улпијан, познат римски правник од класичниот период.

Според него, јавното право е она право што се однесува на положбата на Римската Држава, а приватното е она што е во корист на поединците.

Според поновите сфаќања за јавното право, некои теоретичари го дефинираат од повеќе аспекти. Така, некои сметаат дека јавноправните односи се оние во кои еден од субјектите на тој однос е државата, а пак некои ја претпочитаат теоријата на интерес, според која јавното право го штити јавниот интерес и ги регулира односите во рамките на државата.

Јавното право регулира односи во кои се спроведува принципот на надреденост и подреденост, во кои субјект е државата како носител на принуда.

Со јавното право се уредуваат односите меѓу јавната власт и јавната власт и приватните лица, независно од тоа дали тие се во улога на граѓани, лица од администрацијата и од судството или, пак, корисници на услуги.

Во САД, да се биде адвокат посветен на јавното право е добра и корисна работа. Во својата колумна, адвокатот Сем Рајт објаснува како е да се биде адвокат во јавното право и да се брани јавниот интерес.

Во таа област се отвораат многу можности за работа и постојат разни случаи за обработка, адвокатите не се оптоварени со многу работа, немаат многу кратки рокови во кои треба да ги извршат обврските, а исто така се флексибилни со работното време.

Адвокатот Рајт вели дека иако работата во полза на јавниот интерес честопати е возбудлива и од неа може да се научи многу, сепак, таа има и свои недостатоци. Таквата работа пред сѐ е слабо платена, особено ако адвокатот се занимава со работа на разни фондации или невладини, непрофитни организации, кои се ориентирани на јавниот интерес, бидејќи тие честопати остануваат без средства за работа, а со тоа и не се во можност редовно да плаќаат за адвокатски услуги.

Како заклучок во колумната објавена на веб-страницата „abovethelaw” наведува дека, сепак, со оваа работа најчесто се бават адвокати кои сакаат да се докажат во својата работа, на кои на почетокот не им се во преден план финансиите и кои повеќе ги интересираат проблемите на јавноста, ситуациите во кои е загрозен јавниот интерес и да ги штитат интересите на помали групи на граѓани.