AEK: 190 e бесплатниот број да се информирате за дигитализацијата

Четврток, 30 мај 2013 – Агенцијата за електронски комуникации ги известува граѓаните каде да се обратат во случај на проблеми. На телефонската линија со број 190 граѓаните ќе може да се информираат и а пријавуваат технички проблеми во текот на цела седница, вклучително и викенди. 

Утре во Република Македонија почнува дигиталниот пренос на телевизиски содржини на националните и на регионалните телевизии. Агенцијата за електронски комуникации соопштува дека за сите проблеми кои можат да се појават во процесот на премин од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали можат да се јавуваат на бесплатниот телефонски број 190 во контакт центарот на АЕК секој ден, вклучително и во сабота и недела.

„На 01.06.2013 во Република Македонија ќе се отпочне со дигитален пренос на телевизиски содржини на националните и регионалните телевизии. Агенцијата за електронски комуникации ги известува сите граѓани на Република Македонија дека за сите проблеми кои можат да се појават во процесот на премин од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали можат да се јавуваат на бесплатниот телефонски број 190 во Контакт центарот на АЕК во секој ден, вклучително и во сабота и недела“, стои во соопштението на АЕК.