Агенцијата за катастар на недвижности ќе го воспостави Графичкиот регистар на улици и куќни броеви
Со Законот за катастар на недвижности се прошируваат надлежностите на АКН. Агенцијата за катастар на недвижности ќе го воспостави и ќе управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Toj ќе содржи теренски прибрани просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, поединечно по населено место.
„Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе биде поврзан со описните податоци од Регистарот на просторни единици заради идентификување на улицата спрема населеното место, односно административните единици, како и со податоците од електронскиот катастар на недвижности (еКат), со што ќе се овозможи лесна идентификација на недвижностите според адреса.
Описните податоци за улиците и куќните броеви Агенцијата ги презема по службена должност од Регистарот за имиња на улици и куќни броеви, што се води при Централниот регистар на Република Македонија. Тие ќе бидат ажурирани со теренското прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви Агенцијата ќе ги прибира од терен.
Агенцијата за катастар на недвижности склучи договори со надворешни изведувачи за теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во населените места кои се во надлежност на општините: Гази Баба, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Шуто Оризари, Бутел, Карпош, Чаир и Сарај.
Активностите се веќе започнати и затоа е потребно граѓаните во континуитет да бидат запознавани со целта на теренското прибирање на информациите, односно за активностите кои ќе бидат спроведени на терен, а на екипите ангажирани од страна на АКН да им биде дозволено да ја спроведат целосната предвидена постапка, како што се прибирање на информации и фотографирање на објектите“, соопштуваат од Агенцијата за катастар на недвижности.
Агенцијата за катастар на недвижности упатува апел до жителите од следните населени места, да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотогра-фирање на објектите:
– Општина Гази Баба (населени места Брњарци, Булачани, Идризово, Јурумлери, Раштак, Страчинци, Црешево, Инџиково, Гоце Делчев, Сингел-иќ, Стајковци, Трубарево, Смиљковци, Виниче и Гази Баба);
– општина Аеродром (населени места Долно Лисиче и Аеродром);
– општина Ѓорче Петров (населени места Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Ѓорче Петров);
– општина Кисела Вода (населени места Усје, Драчево и Кисела Вода);
– општина Центар (населено место Центар);
– општина Шуто Оризари (населени места Горно Оризари и Шуто Оризари);
– општина Бутел (населени места Љубанци, Љуботен, Радишани, Визбегово и Бутел);
– општина Карпош (населени места Бардовци, Горно Нерези и Карпош);
– општина Чаир (населено место Чаир);
– општина Сарај (населени места Дворце, Арнакија, Бојане, Буковиќ, Глумово, Горно Свиларе, Грчец, Долно Свиларе, Копаница, Крушопек, Ласкарци, Матка, Паничари, Раовиќ, Рашче, Семениште, Чајлане, Шишево, Кондово, Љубин, Радуша, Рудник Радуша и Сарај).
Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.