/ Прочитано:

841

Агенцијата за катастар на недвижности на меѓународна конференција организирана од Европската Унија

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како членка на Советот на Националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија (НИПП) и институција надлежна за воспоставување, одржување и обезбедување на јавен пристап до геопорталот за НИПП за одржување на услуги за метаподатоци, регистар на метаподатоци и обуки поврзани со нив, беше учесник на конференцијата ИНСПИРЕ 2018. Конференцијата се одржа од 18 до 21 септември 2018 година, во Антверп, Белгија, под наслов „Да работиме заедно“, а во организација на Европската комисија, заедно со Холандија и Белгија, како земји членки на Европската Унија.

Целта на конференцијата беше да се продлабочи соработката меѓу членките на Европската Унија и оние што се обврзале да ја имплементираат Директивата ИНСПИРЕ, за што, во согласност со законот за НИПП на Република Македонија, е задолжена Агенцијата за катастар на недвижности. Беа разменети искуства во имплементација на Директивата и беа идентификувани нови политики и иницијативи поврзани со неа, а во однос на слободно споделување на геопросторни податоци и информации на сите нивоа (од локална самоуправа до меѓународна размена на податоци).

Сега, откако имплементацијата на Директивата ИНСПИРЕ и бројните научни, зелени и технички иницијативи се созреани, потребно е да бидат ефективно евалуирани и да се користат, а земјите членки на ЕУ и останатите земји кои се обврзале да ја имплементираат Директивата ИНСПИРЕ, меѓу кои и Република Македонија, да работат во корист на општеството и економијата, споделувајќи ги и користејќи ги податоците, во согласност со правилата и со принципите на кои се темели Директивата.

М.В