/ Прочитано:

2.207

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“ организира дебата: „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“

Во однос на темата „Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци и при изведување на други докази (материјални докази, писмени докази и сл.)“, се дискутираше за тоа дали судијата е обврзан да внимава по службена должност за лицата кои се ослободени од должноста да сведочат или не можат да бидат сведоци, за улогата на судијата кај дозволеноста на прашањата-дали судијата мора да чека приговор од страна на странката за да делува, за ефективно одлучување по приговор и одговор, како и за прашања кои судијата може да ги постави.  

„Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“ е тема на дводневната дебата која ја организира Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, а на која учествуваат судии од кривичните оддели, јавни обвинители од сите апелациски подрачја и адвокати.

Анета Арнаудовска, директорката на Академијата, на првиот ден од тркалезната маса нагласи дека улогата на судијата во текот на главната расправа, во поглед на раководењето со постапката, е од исклучителна важност, бидејќи, како што рече, тој треба да биде неутрална странка.

На почетокот на дебатата, свое излагање имаше еден од предавачите, Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, кој нагласи дека македонскиот модел на улогата на претседателот на Судечкиот совет е многу сличен на американскиот модел во кој функцијата на претседателот на советот е само контролна. Во оваа насока, хрватскиот судија појасни дека претседателот на советот не учествува во испрашувањето, туку само контролира дали тоа испрашување е во рамки на законските норми.

„Треба да се работи во насока на промена на свеста за улогата на судијата, затоа што судиите на овие простори беа научени на поинаква улога. Сега треба да се промени таа свест, да им се всади нова улога, која полесно е да се направи кај младите отколку кај старите. Се очекува оние што сега завршуваат факултет, односно младите судии и обвинители, многу лесно да ги применат новите поставки отколку судии или обвинители навикнати на стар модел“, изјави Мрчела.

На дводневната тркалезна маса, судиите, јавните обвинители и адвокатите ќе дискутираат и за темите: „Листа на докази и редослед на изведување докази на главна расправа/Зошто е тоа важно?“, „Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци и при изведување на други докази (материјални, писмени и сл.)“, „Обвинителскиот товар на докажување од една страна и товарот на убедување од друга“, како и за темата „Правото на одбрана и начелото на еднаквост на оружјето“.

Учесниците денеска дискутираа за поднесоци врз основа на кои судијата одлучува за листа на докази и редослед на нивно изведување, за момент на предлагање на листа на докази од страна на одбраната, за дополнителни информации кои судијата може да ги побара од странките пред да одлучи, за подготвително рочиште, за одбивање на доказ и образложение, како и за информирање на странките за одлучување по листа на докази и редослед на нивно изведување.

Во однос на темата „Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци и при изведување на други докази (материјални докази, писмени докази и сл.)“, се дискутираше за тоа дали судијата е обврзан да внимава по службена должност за лицата кои се ослободени од должноста да сведочат или не можат да бидат сведоци, за улогата на судијата кај дозволеноста на прашањата-дали судијата мора да чека приговор од страна на странката за да делува, за ефективно одлучување по приговор и одговор, какк и за прашања кои судијата може да ги постави.  

Што се однесува до темата: “Обвинителскиот товар на докажување од една страна и товарот на убедување од друга“, учесниците на тркалезната маса дискутираа за улогата на судијата во доказната постапка поврзано со товарот на докажување на вина (на обвинителството) и товарот на убедување (на двете страни, вклучувајќи ја и одбраната во случај на активна одбрана), за утврдување на факти и образложение на пресуда, дали судот е обврзан да утврдува факти кои исклучуваат кривично дело или кривична одговорност (дело од мало значење, самоодбрана, крајна нужда, стварна и правна заблуда, пресметливост-факти во корист на обвинетиот). 

Предавачи на советувањето, покрај хрватскиот судија Мрчела се и: Лаура Валковиќ, адвокатка од Загреб, како и Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство од  Штип.

А. Б.