/ Прочитано:

2.208

Академијата за судии и јавни обвинители со јавен повик за предавачи

 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ е во фаза на изготвување предлог-листа на предавачи во согласност со измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители.  Истовремено, Академијата ќе ја ажурира и постојната листа на предавачи, во согласност со новите законски услови.

„За таа цел, Академијата за судии и јавни обвинители објавува јавен повик за пријавување на можни предавачи на Академијата и воедно ги повикуваме сите заинтересирани кои не се на постојната листа на предавачи, а ги исполнуваат објективните услови предвидени во законот да се пријават по овој  јавен  повик.

Согласно член 44 став 1 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/15, 192/15, 231/15, 163/18)  предавачи на Академијата се домашни и странски судии и јавни обвинители, адвокати, нотари, медијатори, извршители, раководни административни службеници и универзитетски  професори, кои се ангажираат во програмите за почетна и програмите за континуирана обука на Академијата. Исто така  можат да бидат и лица кои имаат завршена обука за тренинг на предавачи организиран од Академијата“, се вели во соопштението на АСЈО „Павел Шатев“.

Деталите за повикот може да се преземат на следниот линк.

Јавен повик на Академијата за судии и јавни обвинители до професорите по правни науки и истакнатите правници

М.В