/ Прочитано:

1.151

Академијата за судии и обвинители објавува повик за аплицирање зa стипeндии дoделени од Министерството за надворешни работи на Луксембург

Министерството за надворешни работи на Луксембург нуди четири стипендии за претставници од правосудството, невладиниот сектор и правни практичари од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција, информираат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Целта на стипендиите е да им се овозможи на четворица кандидати кои веќе започнале професионална кариера да ја следат програмата за постдипломски европски правни студии во Луксембург. Стипендијата конкретно е наменета за апликанти на кои им е потребна финансиска поддршка.

Детали за стипендиите може да се погледнат на следниот линк.