Академик библиотека

Посетете ја нашата библиотека!

Академик, како долгогодишен издавач на правна литература, низ годините создаде сопствена библиотека со над 150 наслови од областа на правото. Библиотеката содржи голем број наслови во издание на Академик, како и многу други наслови од областа на правото кои Академик ги има набавено од други издавачи.

Ако сте и вие вљубени во правото, ве покануваме во нашите простории каде што слободно и во пријатна атмосфера можете да ги разгледате книгите од нашата библиотека.

Подолу можете да ги видите некои од насловите од нашата библиотека.

Ве очекуваме,

Ваш Академик