/ Прочитано:

3.746

АКАДЕМИК: Дводневна обука (работилница) за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори

Размена на искуства и практични примери со цел правилно спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки, во согласност со одредбите од ЗЈН („Сл. весник на РМ“ бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15 и 192/15).

akad 2

На 11.4.2016 и на 12.4.2016 год., во хотелот „Квинс“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот, Академик организира ДВОДНЕВНА ПРАКТИЧНА ОБУКА за договорни органи и економски оператори Размена на искуства и практични примери со цел правилно спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки, во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки“.

Темите што ќе се разгледуваат на дводневната обука се:

  • Подготовката на техничките спецификации со користење мерливи барања и услови во спецификациите;
  • Обврската за спроведување определени видови на постапки за јавни набавки со користење на е-средства,
  • Обжалување на е-набавки;
  • Комплетна постапка за доделување на договор за јавна набавка, со користење е-средства.

Свое излагање ќе имаат:

  • Маја Малахова, м-р по правни науки, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и со претходно искуство како судија и адвокат;
  • Татјана Пешевска, дипл. ек., раководител на внатрешна ревизија, овластен државен ревизор, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки;
  • Ирена Стоименова, дипл. ек., советник за комерцијални работи, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН во повеќе јавни институции, со искуство во имплементирање на законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во согласност со ЗЈН.

Во прилог погледнете ја и агендата за оваа обука.

Заинтересираните за обуката можат да се пријават најдоцна до 8.4.2016 год. (петок) на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821 или 02/3237-465.

1 javni

Учесниците на обуките, покрај освежувањето за време на паузите, добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршувањето на обуката) и сертификат за учество на обуката.