АКАДЕМИК ЕСЕНСКИ РАБОТИЛНИЦИ
ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦИТЕ
Серијата од 3 тричасовни работилници е наменета за сите оние кои за првпат се соочуваат со пазарот на трудот, за сите ученици и студенти кои ги подготвуваат своите апликации за пракса во некоја компанија, или за на универзитет, како и за оние кои бараат нова работа и имаат желба да ја променат својата кариера.
СО КОИ ВЕШТИНИ ЌЕ СЕ СТЕКНЕШ
- Како да создадеш претставително CV
- Како да ги препознаеш и да ги истакнеш своите силни страни
- Како да комуницираш со сигурност и со самодоверба
- Како да ги користиш социјалните медиуми за свое лично претставување и за себепромоција
- Како да се претставиш на интервју за работа
- Како да постигнеш вин-вин договор при вработување
ЗОШТО ТИ СЕ ПОТРЕБНИ ОВИЕ ВЕШТИНИ
- За да ја стекнеш потребната самодоверба во ситуации кога треба да зборуваш за себе
- За да изградиш професионални профили и комуникација на соодветни пораки на социјалните медиуми
- За да ја добиеш посакуваната работа
- За да ја оствариш својата кариерна цел
КАДЕ ЌЕ ТИ КОРИСТАТ СТЕКНАТИТЕ ВЕШТИНИ
- Во секоја комуникација, деловна или лична, каде што треба да се претставиш себеси, својата работа или интереси
- На социјалните медиуми
- При интервјуа за стипендија, за пракса, за вработување
РАБОТИЛНИЦА 1: „ЈАС ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ“ – КАКО ДА КРЕИРАМ CV, ЛИНКДИН-ПРОФИЛ, МОТИВАЦИСКО ПИСМО
28.09.2022 (среда) 17:00 – 20:00 часот
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ОБУКАТА
- Што да напишеш во своето прво CV кога немаш речиси никакво работно искуство
- Клучни совети при креирање CV
- Како да составиш мотивациско писмо
- Два вида CV како примероци за лична адаптација
- Зошто е потребен линкдин-профил
- Листа на силни страни и вредности
- Индивидуален пристап и лични препораки за секој учесник
РАБОТИЛНИЦА 2: „ЈАС НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ“ – СОЗДАВАЊЕ ЛИЧЕН БРЕНД
05.10.2022 (среда) 17:00 – 20:00 часот
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ОБУКАТА
- Што е тоа личен бренд
- Зошто е потребно градењето на личен бренд
- Клучни совети за себепретставување при креирање CV
- Како социјалните медиуми да бидат твојата ПР-алатка
- Индивидуален пристап и лични препораки за секој учесник
РАБОТИЛНИЦА 3: „ЈАС ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ“ – КАКО ДА СЕ ПРЕТСТАВАМ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА
12.10.2022 (среда) 17:00 – 20:00 часот
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ОБУКАТА
- Умешност за кратка себепрезентација (elevator pitch)
- Градење на самодоверба
- Клучни совети пред, за време на и по интервјуто за работа
- Како да одговориш на „тешките“ прашања
- Играње улоги – вежба за искуствено учење
- Индивидуален пристап и лични препораки за секој учесник
Предавач ќе биде Катерина Златановска-Попова – кариерен советник, обучувач за меки вештини, Point of you© коуч, DISC FLOW тренер и консултант за човечки ресурси, која повеќе од 20 години е активно вклучена во програми за едукација на млади и возрасни преку формално и неформално образование, работејќи како професор, предавач, сертифициран обучувач на возрасни, советник за развој на кариера и експерт за развој на човечки потенцијал. Поседува државен сертификат за обучувач на возрасни, GCDF Советник за кариерен развој, SDI (Strengths Deployment Inventory) фасилитатор, Point of you© коуч, сертификат за DISC FLOW меѓународната алатка која ги обединува однесувањето и емоционалната интелигенција, консултант за човечки ресурси – Регрутација и селекција врз база на компетенции. Претседател е на Собранието на Асоцијацијата на советници за развој на кариера, АСК Скопје.
ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА
Цената за учество за едно лице на една обука е 1.800 денари со вклучен ДДВ.
Цената за учество за едно лице на две обуки е 2.900 денари со вклучен ДДВ.
Цената за учество за едно лице на сите три обуки е 3.800 денари со вклучен ДДВ.
Доколку се пријавите како група од три и повеќе лица (без разлика дали едно лице ќе го изврши плаќањето или сите поединечно), добивате дополнителен попуст од 20%.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуките најдоцна еден ден пред нивното одржување, односно до 27.09.2022 година (вторник), 4.10.2022 (вторник), 11.10.2022 (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуките може да се добијат на телефоните:
+389 02 3221 091 и
+389 02 3122 308.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.
Работилниците ќе се одржуваат со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.