Академик ги одржа и студентските обуки за граѓанско право

Академик ги одржа студентските обуки од областа на граѓанското право, на кои предавач беше судијката  Антоанета Димовска.

На практичните обуки студентите пишуваа правни поднесоци тужба и жалба.

Посебен акцент беше ставен на  формата на тужбата, содржината на тужбата и на начинот на подготовка на тужбата.

Студентите практично се едуцираа и за подготовка на жалба и за видовите жалби.

Најкорисни за нас, истакнуваат студентите, беа практичните вежби за пишување тужба и жалба по дадени случаи.

„Како и обуките по трудово право и работни односи, така и овие обуки за граѓанското право беа одлични. Судијката детално ни ги објасни сите аспекти на правните поднесоци тужба и жалба“, велат студентите.

При подготовката на правните поднесоци, посочуваат тие, го применивме сето она на коешто ни укажа судијката, и тоа работи од практиката и конкретни законски решенија во кои се дефинирани и елементите на правните поднесоци.

„Бевме и креативни и употребувавме правна логика во подготовката на поднесоците бидејќи тие се еден вид правна комуникација меѓу граѓанинот и судот, во која покрај аргументите треба да се почитува и јазикот на правото, односно начинот на кој еден поднесок треба да изгледа, како од гледиште на правната аргументација, така и од гледиште на структурата“, коментираат студентите.

Судијката Димовска истакна дека студентите одлично ја усвоиле материјата, посочувајќи дека со повеќе вакви практични вежби ќе го надополнат своето теоретско знаење.