Академик ќе одржи обука за градежното земјиште, градењето и просторното планирање

Четврток, 4 јуни 2015 – На 12 јуни со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ во Трговскиот центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука за теми од областа на градежното земјиште, градењето и просторното планирање. 

На обуката посветена на значајни теми од областа на градежното земјиште, градењето и просторното планирање ќе се дискутира за прашањата за новините во градежното законодавство, за отворените прашања иницирани од новините во градежното законодавство, како и поконкретен осврт и елаборација на новините на законите за градежно земјиште и просторно и урбанистичко планирање. Исто така, на обуката ќе биде разгледано и прашањето за донесувањето на урбанистичките планови и нивното спроведување. Сите овие значајни прашања ќе бидат анализирани и дебатирани низ презентација на практични примери преку интерактивна дискусија и прашања.

Предавачи на оваа обука ќе бидат Димитар Димовски, државен советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски и Андријана Андреева, планер-урбанист во Агенцијата за планирање на просторот.

Рокот за пријавување на обуката е најдоцна до 10.6.2015 на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821.