Академик ќе одржи обука за инспекцискиот надзор во малопродажбата и заштитата на потрошувачите
Четврток, 11 јуни 2015 – На 18.06.2015 (четврток) со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука за инспекцискиот надзор во малопродажбата и заштитата на потрошувачите.
На обуката посветена на прашањата од Инспекцискиот надзор во малопродажбата ќе бидат дискутирани прашања за инспекцискиот пазарен надзор и преземањето на мерки, правните активности при организација на малопродажбата, законските решенија од областа на трговијата, индустриската сопственост и заштитата на потрошувачите преку практичен осврт на случаи од малопродажбата, како и практичен приказ на упатства со законска и незаконска содржина и стекнување и постапување по гаранции. Предавач на оваа обука ќе биде Сања Солевска, инспектор во Државниот пазарен инспекторат.
На вториот дел од обуката ќе се дискутираат прашањата за обврските на трговците во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, нечесното пазарно однесување, како и за прашања во врска со новите измени на Законот за заштита на потрошувачите. Предавач во овој дел на обуката ќе биде Мирјана Лончар – Велкова, претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија.
Покрај излагањето на предавачите, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.
Пријавете се најдоцна до 16.06.2015 на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821