/ Прочитано:

1.212

Академик ќе одржи обука за најактуелните теми од областа на административните службеници и вработените во јавниот сектор

На 30 октомври (вторник), Академик ќе одржи обука на тема „Системот за управување со ефектот на административните службеници, пополнување на работните места и инспекциски надзор над спроведувањето на Законот за вработените во јавниот сектор и над постапката за оценување на административните службеници“.

Предавачи на обуката ќе бидат  Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација и Ана Михајловска, управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Начинот, постапката и условите за пополнување на работните места на административните службеници, било да се работи за постапка за нови вработувања или за постапка за унапредување на административните службеници, се прашања кои се постојано отворени и кои создаваат бројни дилеми. Поради тоа, преку сеопфатна анализа на системот за управување со ефектот на административните службеници и на процесот за нивно оценување, со посочување на најчестите грешки и неправилности кои се констатираат при вршењето на инспекцискиот надзор, на обуката детално ќе се образложи начинот на правилна примена на одредби од Законот за административните службеници и од Законот за вработените во јавниот сектор.

Агенда:

ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Постапка за селекција за вработување административен службеник;
  • Постапка за унапредување на административниот службеник;
  • Мобилност преку распоредување или преземање;
  • Значење и функција на трансфер-листата.

СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТОТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Елементи на системот за управување со ефектот на административните службеници;
  • Утврдување на цели и задачи за работа;
  • Индивидуални планови за стручно усовршување и што во случај кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник;
  • Постапка за подобрување на ефектот;
  • Задолжително оценување на административните службеници – начин и постапка;
  • Улога на мерките за одличен и слаб учинок.

НАДЗОР НАД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • Најчести грешки, пропусти и дилеми при примена на Законот за вработените во јавниот сектор;
  • Евиденција на вработените во јавниот сектор, должности и прекршочни одредби;
  • Неправилности во поглед на донесувањето на годишни планови за вработување;
  • Јавен оглас и избор на кандидат согласно Законот за вработени во јавниот сектор.

НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОСТАПКАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Применливост на правилото за оценување на најмногу 5% од вработените со оценка „5“;
  • Посебни околности за оценување на административните службеници;
  • Најчести пропусти кои се констатирани при спроведувањето надзор над постапката за оценување;
  • Најчести причини за изјавување незадоволство од страна на кандидатите и за поднесување жалба.

Прашања, одговори и дискусија

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.