/Прочитано:

176

„Академик“ ќе одржи обука за практична примена на Законот за градење

На 26 септември „Академик“ ќе одржи обука на тема „ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ  – Постапка за добивање одобрение за градење, права и обврски на учесниците во изградбата на објектите, соинвеститорство, причини за прекин на изградбата, правни ризици и последици од прекинот“.

Предавач на обуката ќе биде Мартин Оџаклиески – државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски.

Следејќи ги најактуелните прашања што се отвораат во правната проблематика, на ден 26.9.2019 година „Академик“ организира обука за практична примена на Законот за градење. На обуката ќе се дискутира за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката и ќе бидат разгледани објективни проблеми со кои се соочуваат учесниците во изградбата и органите што ги издаваат дозволите за градење.

Практичната обука ќе понуди конкретни насоки за дефинирање на правната положба на учесниците во изградбата во различни правни ситуации, како и насоки за спроведување на успешна постапка за одобрение за градење. Исто така, обуката ќе даде осврт на можните причини за прекин на изградбата, начините на постапување во случај на промена на инвеститор или промена на вршител на надзор, на последиците и правната заштита од престанокот со градење и ќе ги посочи модалитетите на соинвеститорство, потенцијалните кризни ситуации и начините за нивно надминување.

Агенда:

Учесници во изградбата на објектите 

Учесници во изградбата на објектите и нивните меѓусебни правни односи;

Заштита на правата на учесниците во изградбата;

Видови соинвеститорство;

Постапка за добивање одобрение за градење.

Постапка за добивање одобрение за градење и причини за прекин на изградбата

Запишување на правата во јавна книга за недвижности;

Пренесување на права во текот на изградба на објектите;

Прекин на изградбата – можни причини и последици;

Можни решенија за продолжување на изградбата;

Обврски на инвеститорот по изведување на изградбата.

Специфични случаи при примената на Законот за градење

Пренамена, адаптација и реконструкција на објекти;

Градби за кои не е потребно одобрение за градење;

Посебни случаи на доградба и надградба на објекти за индивидуално домување, задолжителни обврски на инвеститорот.

Прашања, одговори, дискусија со примери од практиката

Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик