/ Прочитано:

1.100

Академик ќе одржи обука за практична примена на Законот за градежно земјиште

На 30.5.2019 година (четврток) Академик ќе одржи обука за практична примена на Законот за градежно земјиште, на која детално ќе се образложат прашањата кои се однесуваат на правата на градежно земјиште; начинот и постапката за поднесување и постапување по предметите за располагање со градежно земјиште во државна сопственост и поврзаност со други закони кои се применуваат при спроведување на постапките.

Предавачи на обуката ќе бидат Анета Јорданова и Дејан Митески од Министерството за транспорт и врски.  На обуката преку широка дискусија и преку посебен осврт на примери од практиката, предавачите ќе го пренесат своето експертско знаење од областа на примената на Законот за градежно земјиште.

На обуката ќе бидат опфатени различни проблеми што се јавуваат при имплементацијата на Законот, и тоа:

– Остварување права на градежно земјиште;

– Правни и физички ограничувања за располагање со градежно земјиште во државна сопственост;

– Начин и постапка за поднесување и постапување по предметите за располагање со градежно земјиште во државна сопственост;

– Целосна електронска постапка – од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите;

– Начин на утврдување на цената на градежното земјиште;

– Примена на други закони во постапките за отуѓување на градежно земјиште.

Агенда

Права на градежно земјиште

  • Основни поими и дефиниции во согласност со Законот;
  • Права на градежно земјиште;
  • Правни и физички ограничувања за располагање со градежно земјиште во државна сопственост.

Практична примена на Законот за градежно земјиште

  • Начин и постапка за отуѓување и за давање под долготраен и краткотраен закуп;
  • Начин и постапка за давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање право на стварна службеност на градежно земјиште во државна сопственост;
  • Посебен осврт на начинот на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба;
  • Начин на регистрација, поднесување на барање со непосредна спогодба, поднесување на пријава за учество на јавно наддавање и водење на постапките од страна на надлежните органи вклучени во постапката;
  • Целосна електронска постапка – од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите;
  • Начин на утврдување на цената на градежното земјиште;
  • Право на правна заштита во постапката.

Примена на други закони во постапките за отуѓување на градежно земјиште

  • Примена на Законот за катастар на недвижности;
  • Примена на одредби од Законот за облигационите односи;
  • Регулирање на дел од постапката во согласност со Законот за општата управна постапка;
  • Примена на Законот за сопственост и други стварни права и на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

 Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 30.5.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.