/ Прочитано:

2.052

Академик ќе одржи обука за примената на Законот за општата управна постапка

Поради голем интерес на 27.03.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука за примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката, на која предавачи ќе бидат виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат.

Обуката е наменета за претставници од сите органи на државната управа; за организации утврдени со закон; за установи, правни и физички лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и за претставници од единиците на локалната самоуправа.

Законот за општата управна постапка уредува обемна и комплексна материја, која при практичното применување отвора бројни прашања и дилеми. Управните органи во постапувањето по управните предмети се должни да ги почитуваат начелата на општата управна постапка и секогаш да бидат сервисно ориентирани кон странките во постапката.

Вака поставените темели за спроведување и примена на Законот неминовно создаваат различни правни ситуации во практиката, но и простор за дополнителна обработка и толкување на Законот.

Обуката во организација на Академик е со цел да понуди одговор на многу отворени теми и прашања кои произлегуваат од секојдневното применување на Законот дури и по 2 години од почетокот неговата примена.

Агенда:

Основи на Законот за општата управна постапка

  • Основни начела;
  • Значење и примена на начелата во практиката;
  • Надлежност за постапување;
  • Комуникација меѓу јавните органи и странките.

Управна постапка пред првостепениот орган

  • Поведување на управна постапка;
  • Изменување, дополнување и откажување на барањето за поведување управна постапка;
  • Изведување докази по службена должност;
  • Управен акт – форма, структура и задолжителни елементи;
  • Рокови за издавање на управен акт;
  • Решавање на претходно прашање.

Правни лекови во постапката

  • Жалба – содржина и форма, рок за изјавување и предавање на жалбата;
  • Постапување на првостепениот орган по жалбата;
  • Постапување на второстепениот орган по жалбата;
  • Мериторно одлучување на второстепениот орган;
  • Доставување на решението по жалба;
  • Повторување на постапката – причини и рок за повторувањето;
  • Управен приговор како правен лек во постапката.

Време и место на одржување на обуката27.03.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.