/ Прочитано:

2.028

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година

Годинава акцентот ќе биде ставен на правните трендови, поточно, ќе стане збор за најновите, но и најдобри правни практики во сферата на правниот дизајн, алтернативните правни практики во адвокатските компании, усогласеноста со законите и етичките норми (compliance), современиот правник (in-house counsel) и регионалните правни достигнувања.

akademik.-mk67

Академик продолжува и натаму да биде дел од актуелните светски правни трендови. Оваа година, по четврти пат, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, на 18 и 19 октомври, ќе бидат присутни сите најуспешни професионалци од областа на правото кои ќе бидат дел од Меѓународната конференција, организирана од страна на Академик, под наслов Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends.

Како и во изминатите три години, и оваа година нашата цел е да ги поканиме сите лидери од областа на правото, од регионот и пошироко, кои со своето знаење и искуство ќе се обидат да ве инспирираат и да ве мотивираат.

  • Проф. д-р Кирил Чавдар, судија на Врховниот суд на РМ во пензија;
  • Карл Остринг, „AB Traction“ – Стокхолм, Шведска;
  • Џереми Хопкинс, „Clerkingwell Consulting“ – Рединг, Велика Британија;
  • Михаела Алберг, „TeliaSonera“ – Стокхолм, Шведска;
  • Гербен Абинк, „TinkerTravel“ – Амстердам, Холандија;
  • Мариана Винтиадис, „Kroll“ – Милано, Италија;
  • Филип Пенсол, „Quinn Emmanuel“ – Париз, Франција;
  • академик д-р Жан Митрев, Специјална болница „Филип Втори“;
  • Ставрос Кументакис,Koumentakis and Associates Law Firm“ – Солун, Грција,

 се само дел од експертите кои ќе имаат свое излагање на овогодишната конференција.

Годинава акцентот ќе биде ставен на правните трендови, поточно, ќе стане збор за најновите, но и најдобри правни практики во сферата на правниот дизајн, алтернативните правни практики во адвокатските компании, усогласеноста со законите и етичките норми (compliance), современиот правник (in-house counsel) и регионалните правни достигнувања.

Конференцијата е наменета за сите професионалци кои секојдневно се стремат да го подобрат и да го осовременат своето работење, како и да ги следат најновите светски правни трендови.

Деталите околу Конференцијата можете да ги разгледате на www.akademikconference.com.mk.

За сите дополнителни информации, обратете се на следните телефонски броеви: 02/3232-821 или 02/3237-465.