/ Прочитано:

1.693

Академик на Денот за правење добри дела „Pay it Forward“

Викендов во Градскиот парк се одржа настанот за одбележување на Денот за правење добри дела – „Продолжи понатаму“, или во светот познат како „Pay it Forward“, кој беше во организација на „Инер вил клуб Скопје Еуропеа“ и „Аутизам МК“.

Преку настанот се одбележува месецот април кој е посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела.

Академик беше дел од прекрасниот настан, кој зрачеше со добра енергија, со чувство за другиот, за различниот од себе.

На настанот, исто така, настапија познати музички групи и поединци, кои заедно со општествено одговорните компании и нивните активности, придонесоа во Градскиот парк да се поминат мигови на незаборавно дружење и среќа.

На настанот се славеа хуманоста, љубовта и добрината, како и почитувањето на различностите, кои се основа на секое хумано општество и кои треба да бидат водечка максима и за општествено одговорните компании.

Целта на светското движење „Продолжи понатаму“ е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Продолжи понатаму“ функционира така што поттикнува да се направат неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не се бара ништо за возврат.

Сè зависи од добрата волја на луѓето и од нивната желба за хуманост и љубезност.

„Огромна благодарност до сите кои беа дел од настанот, до родителите кои ги донесоа своите најмили, до сите случајни минувачи кои ни се придружија, до сите кои настапија во програмата. Благодарност до медиумите кои помогнаа нашата мисија да стигне во секој дом…“

„Исто така, бескрајна благодарност до сите наши поддржувачи, амбасадори на добрината, без чија помош немаше да успееме Паркот да го направиме најсреќното и највеселото место на светот“, истакнаа организаторите на настанот.

M.В