АКАДЕМИК ОБУКА: Јавните набавки од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата
Некои од точките што ќе бидат разгледани се: соодветно комплетирање на тендерската документација со цел добивање согласност од Советот за јавни набавки; најчестите причини поради кои Советот за јавни набавки ги одбива поднесените барања; вообичаени грешки при спроведувањето на електронскиот систем за јавни набавки; импликациите врз јавните набавки при донесување на привремена мерка за суспендирање на изборниот процес, како и организирање и спроведување на јавните набавки во предизборниот период.
И овој месец, Академик продолжува со организација на практични обуки поврзани со теми од популарното право. Во таа насока, на 7 јуни 2016 година, во хотелот „Солун“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот, Академик ќе одржи обука на тема: „Јавните набавки од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата“.
На оваа обука како предавач ќе се јави д-р Златко Алексов, член на Советот за јавни набавки и д-р Игор Тантуровски како специјален гостин.
Некои од точките што ќе бидат разгледани се:
- соодветно комплетирање на тендерската документација со цел добивање согласност од Советот за јавни набавки;
- најчестите причини поради кои Советот за јавни набавки ги одбива поднесените барања;
- вообичаени грешки при спроведувањето на електронскиот систем за јавни набавки;
- импликациите врз јавните набавки при донесување на привремена мерка за суспендирање на изборниот процес, како и организирање и спроведување на јавните набавки во предизборниот период.