АКАДЕМИК ОБУКА: Катастарски новини, приватизација на градежното земјиште и трансформација на правото на користење во право на сопственост

Академик ќе одржи практична обука посветена на постапката за приватизација на градежно земјиште.

На 29.02.2016 год. (понеделник) во хотелот „Квинс“ со почеток во 10.00 часот ќе се одржи практична обука на тема „Целосен осврт на постапката за приватизација на градежно земјиште, вклучувајќи го остварувањето на правото на жалба, како и искористување на вонредни правни лекови vis-a-vis стекнување на право на сопственост на градежно земјиште во постапка на трансформација на правото на користење во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности во насока на целосно следење и искористување на новите можности кои ги нуди Законот за катастар на недвижности (Watch dog, ВИП постапка и сл.)“.

Предавачи на оваа обука ќе бидат:

– Јован Трпевски, член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и

Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Заинтересираните за обуката можат да се пријават најдоцна до 25.02.2016 год. (четврток) на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821 или 02/3237-465.

Учесниците на обуките, покрај освежувањето за време на паузите, добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршувањето на обуката), сертификат за учество на обуката и 20% попуст за нарачка на кое било печатено издание од Академик.