/ Прочитано:

2.151

АКАДЕМИК ОБУКА: Kлучни елементи на современото управување со човечките ресурси

На 10.12.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема КЛУЧНИ ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНОТО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ. Предавач на обуката ќе биде  Дејан Маџоски, бизнис-партнер за човечки ресурси во „Пивара“ Скопје.

Еден од најважните аспекти во работењето на секој правен субјект е управувањето со човечките ресурси. Планирањето и регрутацијата на човечките ресурси; начинот на управување со перформансите на вработените; формирањето и имплементацијата на системот за мотивација, наградување и признанија на вработените; одредувањето нивоа на работни места; континуираниот развој на вработените и следењето на повратните информации добиени од нив се едни од клучните сегменти за успешно управување и водење на секоја организациона единица.

На обуката во организација на Академик учесниците ќе се запознаат со теоретските и со практичните аспекти на управувањето со човечките ресурси, и тоа:

  • Унапредување на разновидните активности и функции на управувањето со човечките ресурси;
  • Анализа на потребите за работа и обликување на работните места;
  • Следење и оценување на успешноста на вработените;
  • Зголемување на посветеноста;
  • Развој на лидерство и менаџмент;
  • Менторство и системи за оцена на учинокот;
  • Вреднување и имплементација на повратна информација;
  • Мотивирање и системи за наградување.

Агенда

Вовед во современото управување со човечките ресурси

  • Развој на управувањето со човечките ресурси
  • Стратешката улога на управувањето со човечки ресурси и на професионалците од таа област
  • Улогата на секторските менаџери

Екипирање

  • Планирање на човечките ресурси
  • Бренд на работодавачот и стратегии за привлекување таленти
  • Регрутирање и селекција на вработени
  • Важноста на воведот на новите вработени

Управување со перформансите на вработените и со нивниот потенцијал

  • Вовед во управувањето со перформансите и потенцијалот
  • Клучни елементи на системот на управување со перформансите
  • Управување со потенцијалот, талентите и наследувањето
  • Имплементација на системот за управување со перформансите и потенцијалот

Награди и признанија

  • Управување со наградите и признанијата
  • Нивоа и евалуација на работните места
  • Структури на плата
  • Придобивки за вработените

Мотивација и посветеност на вработените

  • Што претставува посветеноста и зошто е важна
  • Влијанието на посветеноста
  • Нивоа на посветеност
  • 7 клучни двигатели на посветеноста

Организациска култура

  • Организациската култура – клучен фактор за остварување на компаниската стратегија
  • Организациски вредности
  • Истражување и обликување на организациската култура

Развој на човечките ресурси

  • Вовед во развојот на ЧР
  • Современи практики за учење и развој на вработените
  • Развој на лидерство и менаџмент
  • Фидбек, менторство и коучинг

Време и место на одржување на обуката: 10.12.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик