АКАДЕМИК ОБУКА: КВАЛИТЕТНО РАБОТИШ, А ШТЕДИШ – Електронското управување е ефикасен начин за креирање на експедитивни институции и компании и затоа мора да се знае и практикува неговата предност !

Четврток, 20 март 2014 – Во организација на АКАДЕМИК, на 27 март (четврток) во деловниот центар „Зебра“, ќе се одржи обука за Законот за електронско управување и неговата примена, на која ќе говори државниот советник во Министерството за информатичко општество и администрација, Љубомир Младенов и Игор Црвенов, соработник во Министерството за информатичко општество и администрација.

Во согласност со европските трендови, но и со начелата на експедитивност, ефикасност и економичност, електронското управување е неминовна интегрална алатка за поврзување на државните органи, институциите, деловните субјекти и граѓаните.

Електронското управување е современ контрибут во кохерентноста на правно-административниот систем и добрите деловни практики и односи, особено во јавниот и приватниот сектор.

Во таа смисла, од најприоритетно значење во комуникацијата помеѓу јавниот сектор и компаниите е самата експедитивност, која подразбира заштеда на време, трошоци и квалитетно работење што е од примарен економски интерес на деловните субјекти.

Европските искуства денес говорат дека електронското управување е огромна придобивка за релациите на компаниите со јавниот сектор, доведено до степен на облигаторност и неопходност во функционирањето.

Во Република Македонија електронското управување е регулирано со Законот за електронско управување кој претставува законска основа за остварување на интероперабилноста помеѓу јавниот и приватниот сектор низ практиките на електронската комуникација.

Со Академик обуката за електронско управување на детален начин ќе се опфатат законските и практичните аспекти на електронското управување преку анализа и обука за електронската комуникација помеѓу државните органи и компаниите, електронските обрасци, поднесоците на компаниите кон јавната администрација по електронски пат, системот на еден шалтер, електронските дозволи и електронските обрасци.

Преку запознавање со овие аспекти, низ Обуката поконкретно ќе се запознае и самиот законски проект за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци кој овозможува уредно воспоставување на систем за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи, институциите и деловните субјекти.

Тргнувајќи од фактот дека квалитетното работење и експедитивноста е од примарен интерес за компаниите и државните органи, Академик практината обука ќе овозможи суштинско едукативно запознавање со концептот на електронското управување и како да се применат прописите за електронското управување низ праксата и меѓусебните релации на јавниот и бизнис секторот.

М.В /veljanoskim@akademik.mk