АКАДЕМИК ОБУКА на 5 јуни: Практична примена на Законот за финансиска дисциплина и Законот за вонсудско спогодување!
Четврток, 29 мај 2014 – На 5 јуни 2014 година (Четврток) во конференцискиот центар на Queen Hotel во центарот Зебра со почеток во 10 часот, ќе се одржи обука за две мошне значајни и актуелни теми и тоа: Практичната примена на новиот Закон за финансиска дисциплина и Закон за вонсудско спогодување.
Следејќи ја традицијата на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ кои имаат примарна цел – фокусирање на правни теми кои се од суштинско и актуелно значење за практиката и примената, и овојпат, со присуство на реномирани обучувачи од конкретните области, АКАДЕМИК организира обука за прашања кои се новитети во законодавството, а кои воедно во стручната и пошироката јавност иницираат голем број на прашања за начините за нивната применливост низ практиката.
Согласно поставените принципи за квалитет и експедитивност, овие прашања на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ секогаш брзо, детално и точно се образложуваат и разјаснуваат, па така и на најавената обука, поаѓајќи од тие премиси, учесниците ќе може да ги дознаат сите аспекти на Законот за финасиска дисциплина и Законот за вонсудско спогодување.
На првиот дел од Обуката целосно ќе се разгледаат прашањата за практичната примена на Законот за финасиска дисциплина, особено прашањата за:
- договорните обврски и содржина фактурата;
- договорна измена на обврски;
- постапка по доспеано побарување;
- постапување на судот или извршителот;
- исполнување на обврски;
- казнени одредби;
- практично значење за должникот и доверителот.
Обучувач за првиот дел ќе биде г-дин Јане Севдински, советник во од Министерството за финансии.
На вториот дел од Обуката целосно ќе се разгледаат прашањата за практичната примена на Законот за вонсудско спогодување, особено прашањата за:
- суштина и примена на вонсудското спогодувањеч;
- постапка за вонсудско спогодување, рокови, странки, содржина на предлогот;
- одлуки во постапката;
- правни лекови со практични примери;
- должности на повереникот;
- финасиски и оперативен план за реструктуирање;
- претворување на побарувањата во главен долг;
- положба на доверителите, видови доверители;
- правни последици
Обучувач за првиот дел ќе биде г-а Снежана Петковска, Раководител на сектор за правни работи во Министерството за економија.
Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е предвидено доволно време за прашања, дискусија, интерактивна дебата и практични примери.
Почитувани пријатели и соработници,
ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 3.06. 2014 на akademik@akademik.com. mk или на тел. број 02/32 32 821
Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ
Бројот е ограничен на 30 учесници по обука
За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст!