АКАДЕМИК ОБУКА НА ТЕМА: „Ефикасно јавно говорење, вербален и невербален говор“
На 19.12.2024 година (четврток), од 10:00 – 16:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство во Јавна соба (www.publicroom.org) на тема: „Ефикасно јавно говорење, вербален и невербален говор“.
Вештината за јавно говорење и одличната лична презентација може да бидат главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии јавното говорење е многу значаен и суштествен дел за напредување. Но, јавното говорење не е природно стекната вештина. Токму затоа Академик ќе одржи обука на тема „Ефикасно јавно говорење, вербален и невербален говор“, преку која слушателите ќе имаат можност за кратко време значително да ги подобрат својата самодоверба, да научат да управуваат со емоциите и говорот на телото. Вештината на јавно говорење и разбирањето на културата на изразувањето се клучот на успехот денес, кога личниот настап е битен сегмент во градењето на довербата кај слушателите, деловните партнери и општата јавност.
Идеалниот настап, при деловни состаноци, раководење со човечки ресурси, презентација на производи, можности за напредување во кариерата или пак пред медиумите, опфаќа повеќе елементи. Обуката ќе ве подготви за силна и моќна интерпретација на вашите искуства и ставови, со правилно осмислување и креирање на содржината на пораката, правилна употреба на вербалната и невербалната комуникација, соодветна мотивација, флексибилност и одличен стил.
Главните цели на обуката се:
- подобрување на вештините за јавно говорење,
- усвојување на техники за јасно и уверливо изразување,
- развивање свест за невербалната комуникација и нејзиното влијание врз слушателите.
Програма
1. Вовед
- Запознавање со учесниците
- Преглед на целите на обуката
- Кратка дискусија: Зошто е важно јавното говорење?
2. Практична вежба
3. Основи на јавно говорење
- Клучни карактеристики на еден добар говорник
- Подготовка на говорот
- Дефинирање на целта
- Познавање на публиката
- Структура на говорот (вовед, главна содржина, заклучок)
- Употреба на јазикот: јасност, концизност, емоционална поврзаност
- Практична вежба
4. Вербална комуникација
- Тон, брзина и јачина на гласот
- Употреба на паузи за акцентирање
- Како да се избегне монотонија
- Практична вежба
5. Невербална комуникација
- Значење на невербалниот говор
- Говор на телото
- Мимика и изрази на лицето
- Контакт со очите
- Употреба на гестови и простор
- Значењето на ставот и положбата на телото
- Практична вежба
6. Управување со анксиозноста и самодовербата
- Техники за справување со трема
- Како да изгледате уверливо дури и кога се чувствувате несигурно
- Моќта на подготовката и репетицијата
- Практична вежба
7. Завршен дел: Повратни информации и заклучок
- Презентација на краток говор од учесниците
Напомена: можни се измени во програмата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество на обуката за едно лице е 7.300 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Бројот на учесници е ограничен на 10, со оглед на тоа што обуката е дизајнирана преку практични примери и вежби за секој учесник поединечно да ги подобри вештините за јавно говорење на учесниците.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 18.12.2024 година (среда), преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 071 232 342 и
- +389 071 232 593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, името и презимето на учесникот, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката, закуска, кафе и е-сертификат за учество.