/ Прочитано:

842

АКАДЕМИК ОБУКА НА ТЕМА: „КАКО ДА ВОСПОСТАВИМЕ ДОБАР И ОДРЖЛИВ СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“

На 6.10.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Како да воспоставиме добар и одржлив систем за заштита на личните податоци“.

По една година од целосното имплементирање на новиот Закон за заштита на личните податоци, контролорите сè уште наидуваат на предизвици за воспоставување на системот за заштита на личните податоци, кој не би требало да претставува само носење на одреден број неприменливи акти и политики. Спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци во секојдневното работење може да претставува предизвик и е комплексен процес, а во таа насока е многу битно да се разбере суштината на Законот и добро да се испланира насоката која ќе ја одбереме за спроведување на законските одредби. Подготовките и доброто планирање претставуваат основен столб за воспоставување на одржлив систем за заштита на личните податоци.

За таа цел, Академик во рамките на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на барање на контролорите, ја организира оваа обука во која ќе се разработат чекорите за успешно спроведување на Законот и за поставување на ефикасен систем за заштита на личните податоци. Обуката ќе се спроведе преку обработка на практични примери произлезени од праксата.

Предавач ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

Агенда

  • Поими и начела на ЗЗЛП
  • Правниот основ и начинот на документирање на активностите за обработка на лични податоци
  • Спроведување на внатрешна анализа кај контролорот
  • Подготвување на акциски план за усогласување со ЗЗЛП
  • Улогата на офицерот и администраторот во планирање и спроведување на активностите
  • Уредување на обврските контролор – контролор, контролор – обработувач и заеднички контролори
  • Внатрешни контроли и систем за обука
  • Преку практични примери дискусија за видеонадзорот, за проценката на влијанието, за обработката на посебни категории лични податоци и за други теми од интерес на учесниците.

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цена за учество на обуката

Цената за учество за едно лице е 4.900 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 5.10.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.